Свет

ВИДЕО: Пријавени се повеќе ракетни напади во регионот на Киев – погодени станбени згради

ВИДЕО: Пријавени се повеќе ракетни напади во регионот на Киев – погодени станбени згради

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека руски ракетни напади погодиле станбени згради во регионот на Киев.

Три петкатни згради беа уништени со ракетен напад пред околу три часа, се наведува на Фејсбук страницата на Министерството.

Портпаролката на Државната служба за вонредни состојби во регионот изјави дека трага по најмалку две лица затрупани под урнатините во градот Била Церква. Би-Би-Си не беше во можност самостојно да ги потврди тврдењата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни