Свет

Лет од Лондон до Солун траел 24 часа, авионот над Македонија го сменил курсот и слетал дури во Романија

Лет на компанијата „Рајанер“ од Лондон до Солун кој требало да трае само неколку часа, се претворил во вистинско патешествие откако поради густата магла не можел да слета во грчкиот град, па слетал дури во Романија во градот Темишвар. После долго чекање, грчките власти испратиле авион до Темишвар да ги земат патниците кои стигнале со „дебело“ задоцнување.

Летот го напуштил аеродромот „Стестед“ во 17:19 часот, и се очекувало во Солун да пристигне нешто пред 22 часот по локално време. Но додека бил над Македонија, тој ја сменил дестинацијата.

Авионот не слетал ниту во Скопје, ниту во Софија, туку во Темишвар, град кој се наоѓа во близината на унгарската граница. Одлуката била поради тоа што компанијата има база на овој аеродром.

И тоа не било се, туку патниците ја минале ноќта на овој мал аеродром во романскиот град, а меѓу патниците имало и деца.

-Моите родители и 200 патници на „Рајанер“ се заглавени на аеродромот во Темишвар поради временските услови. Нема никој и никој не одговара на повиците. Бебиња и постари лица ја минуваат ноќта на ладно – напиша Санџи Хјусон на „Твитер“.
Некои од најблиските на социјалните мрежи споделија дека патниците се напуштени на аеродромот, без да им се понудат алтернативи. Според Кристин Кир, персоналот на аеородромот не ги пуштале да седат на аеродромот, а единствена алтернатива им било со автобус да заминат до крајната дестинација. Тоа е пат од околу 20 часа.
Сепак, носејќи се согласно на правилата на „Рајанер“, патниците одбиле да се качат во автобус, и ноќта ја минале на аеродромот. На крајот грчките власти пратиле авион до Темишвар кој ги земал патниците и тие пристигнале во Солун со 24 часа задоцнување.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни