Македонија

Македонското семејство со бебе старо пет дена е на пат да ја напушти Украина

Македонското семејство со бебе старо пет дена е на пат да ја напушти Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина.

„Тие со на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје“, вели Османи.

Тој вели дека ова е најсложениот случај од процесот на евакуација.

„Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина. Да информирам, дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани“, додава Османи.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни