Како што Русија предупредува на напади во Киев, украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников предупреди на можен „психолошки напад“ од Русија.
Преку својот Фејсбук профил тој тврди дека Русија прво планирала да ја наруши комуникацијата.
„Според достапните информации, руските окупатори се подготвуваат за брзо време да започнат голема информациско-психолошка операција. Нивна цел е да се скрши отпорот на украинскиот народ и на украинската армија со помош на лаги. Пред се планираат да ги нарушат комуникациите. После тоа, ќе има многу лажни извештаи дека украинските воени и политички лидери наводно се согласиле да се предадат. За да ја „потврдат“ оваа лага, тие ќе дистрибуираат наводно потпишани „документи“, како и монтирани лажни видеа. ОВА Е ЛАГА. Тоа никогаш нема да се случи! Нема да има предавање! Само победа!“
Тој додаде дека тие „нема да го добијат тоа! Нема да има капитулација! Само победа! Слава на Украина!“