Италија ја пресели својата амбасада од Киев во градот Лавов во западна Украина поради влошената „безбедносна ситуација“ во главниот град на Украина.
Во ажурирањето во вторникот, италијанското Министерство за надворешни работи објави дека ја преселило амбасадата за да може „да продолжи да ги извршува своите должности“.
Во понеделникот, Франција , исто така, објави дека ќе ја премести својата амбасада од Киев во Лавов.