Свет

Исклучен сателитот на рускиот медиум RT

Исклучен сателитот на рускиот медиум RT

Рускиот медиум Russia Today (RT) повеќе нема да биде достапен на Скај во ОК, објави во вторникот британската секретарка за култура Надин Дорис.

„Францускиот сателит кој емитува Russia Today (RT) и во ЕУ и во ОК ќе биде исклучен. Ова значи дека RT повеќе нема да биде достапен преку Sky“, напиша Дорис на Твитер .

„Загадувачката пропагандна машина на Путин сега ќе има сериозно ограничен пристап до британските домови преку нашите ТВ екрани“, додаде таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни