Свечена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан се одбележа големиот христијански празник Божиќ, кога се слави Христовото. Присуствуваа голем број верници од православна христијанска вероисповед. Божиќ се слави три дена. После четириесетдневниот Божиќниот пост, кој трае до Бадник, Божиќната трпеза е разновидна и обилна и има и мрсна храна, како сарма,кифли, печено месо, салати, колачи, вино, ракија и секогаш треба да има свеќа.
На литургијата присуствуваше и претседателот Ѓорѓе Иванов со семејството, но и владини претставници, како што се министрите Кочо Анѓушев, Рената Дескоска и Драган Тевдовски.
„Празниците не се само за празнување, туку и за потсетување, да не потсетат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите. Да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме она што го имаме, а не она што го немаме, затоа да си ја сакаме, чуваме и почитуваме Р. М., бидејќи неа ја имаме“, изјави Ѓорге Иванов – претседател на Р.М
Во Соборниот храм денеска беше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со семејството. Премиерот Заев, присуствуваше на божиќна литургија во струмичкото село Водоча.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА