Македонија

Утре ќе се разгледуваат амандманите на БЕСА – в среда седница за уставни измени, но и протести

Утре ќе бидат разгледани амандманите на Движење Беса, на состанокот на работните групи на оваа партија и владата. Иако официјална потврда нема, сепак се очекува во текот на утрешниот ден двете страни да заедничка маса да се договорат околу амандманите, кои Беса ги постави како услов за да гласа за уставните измени. Оваа партија предложи четири амандмани, пред се во делот на разграничување на етничката припадност и државјанството.

По новогодишните и божиќните празници, пратениците во среда ќе се вратат на работните места. Точно напладне е закажана пленарната седница на која ќе почне последната фаза од расправата за уставните измени. Воедно, точно напладне Движењето Македонија блокира најави протести пред законодавниот дом.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни