Магазин

Камила не можеше да ги запре солзите: „Се молиме за вас“

Камила не можеше да ги запре солзите: „Се молиме за вас“

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол вчера покажаа солидарност со Украина и ја посетија нејзината заедница во Обединетото Кралство.

Камила плачеше и ја тешеше сопругата на британскиот амбасадор во Украина, која исто така плачеше. Притоа таа и рекла: „Се молиме за тебе“.

Чарлс и Камила запалија свеќа и положија цвеќе во украинската катедрала во Лондон како поддршка на нападнатата земја. Во краткиот говор Чарлс ја пофали храброста на Украинците пред нападот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Морам да кажам дека мојата сопруга и јас бевме длабоко трогнати од сето она што го слушнавме денес за време на нашата посета и пред се од извонредната храброст на украинската заедница соочена со таква страшна агресија. Нашите мисли и молитви, колку и да се недоволни, се со сите вас во овој најкритичен момент“, рече Чарлс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни