Бугарскиот премиер Кирил Петков доби снежна топка во глава за време на посетата на местото Шипка во близина на бугарскиот град Стара Загора.
„Време е да се каже дека Бугарија е над се. Среќен празник Бугари!“, рече Петков, кој беше погоден од снежна топка.
Неговиот говор беше проследен и со свирежи и извици „Оставка“, кога се обиде да разговара со нив.