Свет

Руски пратеник сугерира дека инвазијата била планирана пред една година

Руски пратеник изјави дека Москва почнала да планира инвазија на Украина пред 12 месеци, пренесува Би-Би-Си.

„Ние не ја подготвивме оваа операција спонтано“, рече во средата членот на Државната дума Рифат Шајхутдинов на телевизијата Канал 1, која е под државна контрола.

„Тоа беше во подготовка една година, можеби и повеќе. Разбравме што [се случува] и ги предупредувавме однапред“, рече тој во забелешките на дневното ток-шоу.

Тој посочи дека Русија би била нападната доколку не ја нападнела.

„Штом пристигнаа разузнавачки податоци… дека ќе ги победиме два дена со напад, секако дека пред се ги браниме нашите граѓани таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни