Четириесет и седум лица загинаа во руските воздушни напади врз станбена населба во градот Чернихив во четвртокот, соопштија регионалните власти, пренесува Би-Би-Си.
Спасувачката работа мораше да биде прекината во четвртокот поради силно гранатирање, соопштија локалните служби за итни случаи.
Вкупно 148 лица, главно цивили, загинале од почетокот на воените дејствија во регионот, додаваат локалните власти.
Градот со 300.000 жители се наоѓа на северот на земјата, блиску до границите со Русија и Белорусија.