Министерот за економија, Крешник Бектеши и заменик генералниот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани, го посетија ТЕЦ Осломеј, како и локацијата предвидена за изградба на фотонапонската централа Осломеј, инвестиција од седум милиони евра.
„Од минатата недела ние како Влада направивме договор со ЕБРД што се однесува за изградбата на хидроцентрала во склоп на ТЕЦ Осломеј. Ние во целина нема да застануваме тука, веќе во март ќе продолжиме и со истражување, но истовремено и со новата студија што се однесува за дополнителни 30 мегавати што би требало да се инсталираат во склоп на термоеле.. Осломеј, а со тоа ние ја обезбедуваме нашата држава со производство на електрична енергија што се светски трендови, па истовремено во 2018 година го зголемивме производството за електрична енергија и така ќе продолжиме и понатаму. изјави министерот за економија Кресник Бектеши на денешната посета на ТЕЦ Осломеј.




