Снежната покривка во Македонија е највисока во Маврови Анови каде се измерени 66 сантиметри. Во Крушево има 27 сантиметри снег, 23 се измерени во Тополчани, 21 во Битола, 14 Попова Шапка и 11 сантиметри во Лазарополе и Пожаране.
Под влијание на влажен и студен бран, во наредните два дена ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а ќе има услови за појава на магла по котлините.