Фејсбук соопшти дека руското блокирање на социјалната мрежа ќе лиши милиони луѓе од веродостојни информации и форум за споделување на нивните ставови, пишува Би-би-си.
Претходно денеска стана јасно дека Русија го блокира пристапот до Фејсбук поради ограничувањето на руските медиуми од платформата. Според државниот интернет регулатор Роскомнадзор, имало 26 случаи на дискриминација на руски медиуми од страна на Фејсбук од октомври 2020 година.
„Наскоро, милиони Руси ќе бидат отсечени од веродостојните информации и ќе им биде забрането да зборуваат“, рече Ник Клег, потпретседател за глобални прашања на Мета.