Свет

Наскоро ќе почне евакуацијата од Мариупол

Наскоро ќе почне евакуацијата од Мариупол

Би-Би-Си јавува за привремен прекин на огнот и евакуација на цивили од југоисточниот град Мариупол, кој веќе неколку дена е под опсада на руските сили.

Градскиот совет на Мариупол соопштил:

  • Прекинот на огнот ќе трае од 09:00 до 16:00 часот по локално време (07:00-14:00 GMT)
  • Евакуацијата на цивилите ќе започне во 11:00 часот по локално време (09:00 GMT)
  • Трасата на коридорот е од Мариупол до Запорожје, град на запад
  • Автобусите ќе тргнуваат од три локации во градот, а по дадената рута ќе може да се движи и приватен превоз
  • Градскиот совет бара од возачите целосно да го искористат целиот простор што го имаат во своите возила
  • Патувањето подалеку од договорената рута е строго забрането
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни