Свет

Британски секретар за одбрана: Зоната на забранети летови може да ја попречи Украина, а не да помогне

Британски секретар за одбрана: Зоната на забранети летови може да ја попречи Украина, а не да помогне

Секретарот за одбрана на Обединетото Кралство вели дека зоната на забранети летови над Украина не само што ќе ја зголеми опасноста за сојузниците на НАТО – кои би можеле да дојдат во директна конфронтација со руските авиони – туку може да ја попречат и способноста на Украина да се брани.

При посетата на Естонија и Данска оваа недела, Бен Валас изјави за Би-Би-Си дека Русија досега не била успешна во уништувањето на воздушната одбрана и воздушните сили на Украина.

Тој рече дека украинските авиони и беспилотни летала се „една од ретките алатки“ кои Украинците ги имале за да ги погодат руските сили од далечина – а Валас рече: „Ако имате зона за забранети летови, таа работи за двете страни“.

Тој рече дека „можеби може да им даде предност на Русите“, кои сепак би можеле да ги гаѓаат градовите со нивната артилерија со долг дострел и проектили од копно.

„Мислам дека луѓето треба да си го постават прашањето пред да ги предложат овие работи, што би значело тоа на теренот и што значи за НАТО, кога има други начини да им се помогне на Украинците да се одбранат од воздух“, вели тој.

Западните земји во последните недели и снабдуваат на Украина стотици противвоздушни ракети „Стингер“.

Украинскиот претседател Зеленски јавно повика на зона на забранети летови. Но, Валас рече дека секојдневно бил во контакт со министерот за одбрана на Украина, кој, како што рече, не побарал таков.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни