Само 400 луѓе биле евакуирани од Волноваха и околните населени места за време на денешниот краткотраен прекин на огнот, соопштија украинските власти, пренесува Би-Би-Си.
Првичниот план беше да се евакуираат повеќе од 15.000 цивили од регионот за време на привремениот прекин на огнот, кој започна во 07:00 часот по Гринич.
Но, регионалниот гувернер Павло Кириленко рече: „Иако имавме намера и неопходен транспорт да евакуираме многу повеќе луѓе, моравме да го запреме движењето на колоната, бидејќи Русите повторно почнаа безмилосно да ја гранатираат Волноваха и беше многу опасно да се движиме таму“.
Друга евакуација, која требаше да се изврши од поголемиот град Мариупол, исто така беше прекината.