Хуманитарната организација која денеска требаше да ја надгледува евакуацијата на Мариупол и Волбоваха, ги опиша сцените таму и во другите градови во Украина како „срцепарателни“.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) рече дека негов приоритет е „безбедноста и благосостојбата на сите цивили кои живеат низ застрашувачки ситуации во Украина“.
„Остануваме во дијалог со страните за безбедно минување на цивилите од различни градови погодени од конфликтот“, соопшти неутралната МКЦК.
Таа ги повика вклучените во борбите „да ги заштитат цивилите и цивилната инфраструктура“ во согласност со меѓународното право.
Договорот за прекин на огнот што требаше да обезбеди одмор од гранатирањето на Мариупол и Волноваха во саботата наутро пропадна поради континуираните руски напади.