Американскиот претседател Доналд Трамп во своето прво овогодишно обраќање од белата куќа, побара 5.7 милијарди долари за ѕидот од челик на границата со Мексико.
„На барање на демократијата, тоа ќе биде бариера од челик, а не бетонски ѕид“, рече Трамп кој говореше за раст на хуманитарната и безбедносна криза во моментите кога спорот околу ѕидот во минатите две недели донесе делумна блокада на Владата на САД.
„Нашата јужна граница е место на влегување на огромно количество на дрога“, рече Трамп кој утре би требало да ја посети границата со Мексико.