Свет

Демонстрантите побараа прием во Собранието (ВИДЕО)

Демонстрантите кои во моментов се наоѓаат пред Собранието, побараа да влезат во Парламентот и да преговараат. Неколку стотици граѓани се собраа пред законодавниот дом да протестираат против уставните измени кои наместо во 12 часот, се одложени за 16 часот.

Собранието потврдно одговори на нивното барање, и во моментов се собира делегација од демонстрантите која треба да оди на разговори. Во исто време Јанко Бачев истакна дека претставник од „Македонија блокира“ разговара со претседателот Ѓорге Иванов.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни