Свет

Некои хуманитарни коридори водат кон Белорусија или Русија

Некои хуманитарни коридори водат кон Белорусија или Русија

Русија вели дека ќе отвори нови хуманитарни коридори за да им овозможи на цивилите да се евакуираат.

Според Би-Би-Си, патеките за евакуација објавени од руската новинска агенција РИА Новости покажуваат дека цивилите ќе можат да заминат во Русија и Белорусија.

Коридорот од Киев ќе води до рускиот сојузник Белорусија, а цивилите од Харков ќе имаат само коридор што води кон Русија.

Коридорите од градовите Мариупол и Суми ќе водат и до други украински градови и до Русија, пренесува новинската агенција АФП.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни