На сопругата на норвешкиот милионер веќе неколку месеци и се губи трагата после киднапирањето. Ан-Елизабет Фалкевик Хаген исчезна на 31. октомври од својот дом во близината на Осло. Од тогаш трае истрагата, но се чува во тајност поради сериозни закани, пренесува Би-Би-Си.
Норвешките медиуми пишуваат дека киднаперите бараат 9 милиони евра.
Хаген е мажена за Том Хаген чие богатство се проценува на 174 милиони евра кои ги заработил со енергетија и недвижности.
Парот живеел повлечен живот во Лоренск, во близината на Осло. Засега не постојат информации и докази дека госпоѓата Хаген е на сигурно.