Свет

Кремљ бара Украина да го признае Крим како руски

Кремљ бара Украина да го признае Крим како руски

Русија рече дека може да ги прекине операциите „во секој момент“ доколку Украина ги исполни руските услови.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Украина мора да го признае Крим како руски, а Доњецк и Луганск како независни држави.

Дополнително на ова, Песков вели дека Украина мора да го измени својот устав и да ги отфрли тврдењата за влез во кој било блок (како НАТО, на пример).

Тој додава дека Русија ќе ја заврши „демилитаризацијата“ на Украина и доколку се исполнат овие услови, руската воена акција ќе „запре за момент“.

Портпаролот на Кремљ инсистира дека Русија не се стреми да има дополнителни територијални претензии кон Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни