Свет

ЕУ сака Кина да изврши притисок да престане агресијата врз Украина

ЕУ сака Кина да изврши притисок да престане агресијата врз Украина

Европската унија сака Кина  да го искористи своето влијание врз Русија за да обезбеди прекин на огнот и да го запре нападот.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика Жозеп Борел одржа заедничка прес-конференција со францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан на крајот од неформалниот состанок на министрите за развој на ЕУ што се одржа во Монпеље, Франција.

Запрашан дали Кина може да дејствува како посредник за завршување на војната во Украина, Борел рече дека на денешната средба имал телефонски разговор со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

„Сакав Кина да го искористи своето влијание врз Русија“

Нагласувајќи дека Кина не може да биде посредник бидејќи зазема поблизок став кон Русија, Борел рече: „Сакав Кина да го искористи своето влијание врз Русија во сите можни дипломатски обиди да постигне прекин на огнот“.

Борел, наведувајќи дека Кина е голема глобална сила и може да има улога во овој поглед, рече: „Кинеската поврзаност со Русија е позната. Затоа, тие можат да играат клучна улога во решавањето на кризата преку дипломатски средства“.

Во својата денешна изјава кинескиот министер за надворешни работи Ванг изјави дека пријателството меѓу Пекинг и Москва е многу силно и дека тие можат да дејствуваат како посредник за мир.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни