Свет

ХРВ: Русија можеби ги прекршила законите за војна во Ирпин

ХРВ: Русија можеби ги прекршила законите за војна во Ирпин

Анализата на Хјуман рајтс воч (ХРВ) за нападот во Ирпин во неделата сугерира дека воените закони биле прекршени од Русија за време на гранатирањето на градот, западно од Киев, јавува Би-Би-Си.

Неколку часа на 6 март 2022 година, руските сили бомбардираа раскрсница на патот што стотици цивили го користеа за да избегаат од напредувањето на руската армија во северна Украина кон Киев, соопштија од Хјуман рајтс воч.

Од таму велат дека повторениот карактер на нападите, во кои според владата загинаа најмалку осум цивили, сугерира дека руските сили ги прекршиле своите обврски според меѓународното хуманитарно право да не вршат неселективни или непропорционални напади кои им штетат на цивилите и не ги преземале сите можни мерки за да се избегнат цивилни жртви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни