Свет

Вооружени напади во Нигерија: Најмалку 60 мртви

Вооружени напади во Нигерија: Најмалку 60 мртви

Најмалку 60 луѓе се убиени во напади на вооружени лица врз доброволни борци во нигериската држава Кеби.

Според извештаите на националните медиуми во Нигерија, вооружени лица на мотоцикли нападнале од заседа на доброволни борци во селата во областа Сакаба во државата Кеби во неделата вечерта, на 6-ти март.

Најмалку 60 луѓе загинаа, а многу се повредени како резултат на истрелите отворени врз доброволци.

Употребата на мотоцикл е забранета

Портпаролот на полицијата во Кеби, Нафиу Абубакар, го потврди инцидентот, но не даде информации за бројот на загинати и повредени.

Употребата на мотоцикли е забранета во некои држави, бидејќи вооружени лица во областа вршат напади на мотоцикли.

50 луѓе беа убиени во напад на вооружени лица во регионот Данкаде во провинцијата Кеби во јануари.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни