Свет

Се очекува САД да донесе забрана за увоз на руска нафта

Се очекува САД да донесе забрана за увоз на руска нафта

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува подоцна денеска да објави забрана за американски увоз на руска нафта, јавува Би-Би-Си.

Соопштението се очекува како последна санкција како одговор на инвазијата на Москва на Украина.

Белата куќа соопшти дека Бајден ќе зборува во 15:45 часот со цел „најава на нови активности кон Русија за нејзината неиспровоцирана и неоправдана војна против Украина“.

Администрацијата на Бајден беше под зголемен притисок од американските пратеници да го преземе овој чекор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни