Две лица се приведени во врска со разбојништвото што денеска се случи во банка во Скопје, потврдија од МВР за 4news.
Претходно, медиумите објавија дека три вооружени лица влегле во банка во Скопје при што имало и пукање.
„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.