Свет

ФОТО: Британците објавија нова мапа на руски напади, вака изгледа денес

ФОТО: Британците објавија нова мапа на руски напади, вака изгледа денес

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Велика Британија да направи повеќе за да и помогне на неговата земја во борбата против Русија и да ја казни „таа терористичка држава“, нагласувајќи дека Украина ќе се бори за опстанок без разлика на цената.

Обраќајќи се пред преполниот британски парламент, чии пратеници го поздравија со аплауз, Зеленски од ден на ден презентираше докази за руската инвазија, наведувајќи какво оружје користеле Русите, колку цивили се убиени и колку луѓе се соочуваат со недостиг на храна и вода.

Тој му се заблагодари на британскиот премиер Борис Џонсон за помошта што веќе ја понуди, но исто така рече дека Британија и другите западни земји мора да направат повеќе и да воведат повеќе санкции. Тој побара од нив да ја прогласат Русија за „терористичка држава“.

„За нас сега прашање е да се биде или не“, рече Зеленски преку видео врска.

„Нема да се предадеме и нема да загубиме. Ќе се бориме до крај на море, во воздух, ќе продолжиме да се бориме за нашата земја, без разлика на цената. Ќе се бориме во шумите, на полињата. на бреговите, на улиците“, истакна Зеленски.

Во меѓувреме, британските власти објавија нова мапа на руските напади во Русија. Црвените стрелки ги прикажуваат постоечките руски напади, а испрекинати црвени стрелки ја покажуваат веројатната насока на движење на руските сили доколку напредуваат.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни