Вашингтон го забрани увозот на руска нафта. Ова пред неколку минути го соопшти претседателот Џо Бајден.
Овој потег доаѓа откако и републиканците и демократите побараа да се воведат санкции кон Москва поради инвазијата на Украина. 8% од вкупниот увоз на гориво во САД доаѓа од Русија.
Очекувањата се за драстично поскапување на горивата во земјава во наредните денови.
Британија, исто така, воведе свои ограничувања за увозот на руска нафта неколку минути пред Вашингтон. Лондон планира постепено да го укине увозот на нафта од Русија до крајот на годината.
Претходно денеска Европската комисија го претстави планот за стекнување независност од руските фосилни горива.