Околу 1,33 милиони луѓе ја напуштиле Украина и влегле на територија на Полска по руската инвазија на Украина, соопшти полската гранична стража.
Во твит во средата, агенцијата вели дека луѓето кои влегле во Полска, 93% се украински државјани, 1% се полски и 6% се државјани на речиси 100 други нации.
Агенцијата вели дека само во вторникот границата ја минале 125.800 луѓе, што е помалку од дневниот рекорд од 142.300 во неделата.
До 06:00 часот по Гринич во средата, 33.500 луѓе ја поминале границата.
Полска е веќе дом на многу Украинци – проценките се движат меѓу еден и два милиони луѓе – и многумина останаа со семејството или пријателите таму.
Илјадници Полјаци ги пречекуваат бегалците и во своите домови.