Најмногу снег има во Маврово 73 см, на Попова Шапка 40 и во Крушево 39 см. Снежната покривка во северните и западните делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см. Ќе преовладува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нула, а на некои места ќе достигне и до -6 степени
Од УХМР најавуваат дека од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.