Свет

Меркел во дводневна посета на Атина, се очекува да даде поддршка на Договорот од Преспа

Германската канцеларка Ангела Меркел е во дводневна посета на Грција. Состанокот со Грчкиот опозициски лидер Киријакос Мицотакис ќе се одржи во резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина, по што ќе следи прес конференција, додека пак утре, откако ќе положи цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак пред грчкиот Парламент, ќе биде примена и од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. На агендата меѓу другите теми се економските реформи и спорот за името со Македонија.

Меркел се очекува да даде поддршка за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент и да испрати порака дека грчката економија е на патот кон закрепнување.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни