Свет

Јапонија испрати панцири и шлемови во Украина

Јапонија испрати панцири и шлемови во Украина

Јапонија испратила панцирни елеци и шлемови во Украина, каде Русија објави војна.

Транспортниот авион „КЦ-767“ на Јапонските сили за самоодбрана (СДФ) отпатува за Полска од воената воздухопловна база Комаки во јужната провинција Аичи.

Пратката, подготвена на барање на Украина, вклучувала панцири и шлемови, зимска облека и храна.

Главниот секретар на кабинетот Мацуно Хироказу рече дека не се планирани испораки на „смртоносно оружје“ и дека помошта за Украина е „клучна“ за Јапонија.

Јапонскиот министер за одбрана Киши Нобуо рече дека помошта покажува „солидарност со украинскиот народ“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни