Свет

Украина: Повеќе од 12 илјади руски војници загинаа во војната

Украина: Повеќе од 12 илјади руски војници загинаа во војната

Украинскиот Генералштаб извести дека бројот на руски војници кои ги загубиле животите во војната е повеќе од 12 илјади.

Според соопштението на Генералштабот, на 14-тиот ден од војната меѓу Украина и Русија, биле ажурирани податоците што недостасуваат на другата страна.

Бројот на руски војници кои ги загубија животите надмина 12 илјади; неутрализирани се 49 авиони, 81 хеликоптер, 317 тенкови, 1070 оклопни возила, 120 артилериски системи, 482 возила, 60 цистерни со гориво и 7 беспилотни летала на Русија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни