Илјадници лица се заробени во Австрија поради обилните снежни врнежи, кои не престануваат, а се очекува на наврнат уште околу 3 метри снег. Досега лавините однесоа осум човечки животи, а многумина се целосно отсечени.
Повеќе од 40 места во покраината Салцбург, Тирол, Долна Австрија и Штаерска се отсечени од остатокот на Австрија и до нив не може да се стигне, поради што се прогласени кризни зони.
Повеќе од 1.200 војници се вклучени во акцијата за спасување и извлекување на граѓаните од завеаните места, а во интервенциите за снабдување се користат и хеликоптери.
Во моментов се трага и по некои исчезнати лица во општината Лиленфелд. Австриските власти стравуваат да не се повтори драмата од пред 20 години, кога лавина ја погоди општината Гачтир и усмрти 38 лица, а повреди 50.