Свет

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против руските олигарси и Белорусија

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против руските олигарси и Белорусија

Ја затегнуваме мрежата на санкции како одговор на руската воена агресија против Украина. На списокот на санкционирани ќе има 160 лица, меѓу кои и олигарси и членови на Советот на Руската Федерација, банкарскиот сектор на Белорусија, извозот на технологии за поморска навигација во Русија и крипто средства, напиша Урсула фон дер Лајен на Твитер.

Одлуката за новиот пакет санкции ја донесоа амбасадорите на ЕУ на вчерашната средба во Брисел, а беше финализирана денеска со започнување на официјалната процедура за усвојување на одлуката од страна на Советот на ЕУ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни