Двајца функционери во опколениот град Мариупол во јужна Украина велат дека од почетокот на руската инвазија таму биле убиени околу 1.300 цивили.
Градот прво беше гранатиран во првите денови на конфликтот и беше под опсада речиси една недела.
„Прелиминарно, 1.300 жители на Мариупол веќе загинаа за време на блокадата на геноцидот на Руската Федерација“, изјави за украинската агенција УНИАН, советник на градоначалникот на Мариупол, Петр Андриушченко.
„Ќе се бориме за сите“, додаде тој.
Претходно во средата, заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов, изјави дека до вторник се потврдени најмалку 1.207 жртви на гранатирањето.
„Навистина не можеме да пресметаме колку смртни случаи имаме – мислам три до четири пати повеќе. Не можеме ни да броиме колку луѓе на улиците се убиени од бомбардирање и артилерија“, изјави Орлов за Си-Ен-Ен.