Свет

Зеленски го повика Западот да дејствува или „милиони“ би можеле да умрат

Зеленски го повика Западот да дејствува или „милиони“ би можеле да умрат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „милиони луѓе“ би можеле да умрат ако светот не и помогне на Украина пред да биде „предоцна“.

Во интервју за Sky NewsЗеленски го повтори своето барање западните лидери да воведат зона на забранети летови над неговата земја.

Апелирајќи до светските лидери да дејствуваат побрзо, тој рече: „Не чекајте да ве прашам неколку пати, милион пати. Затворете го небото“.

Западните земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, ја отфрлија можноста за зона на забранети летови, бидејќи тоа би можело да ги доведе во директен конфликт со Русија.

Зеленски рече дека западните земји на крајот ќе направат зона за забранети летови, но само штом ќе започне „Третата светска војна“, а дотогаш „ќе биде предоцна“.

Тој додаде: „Верувајте ми, ако вака се пролонгира, ќе видите… ќе го затворат небото, но ќе изгубиме милиони луѓе“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни