Свет

Првата жена претседател на Унгарија: Каталин Новак

Првата жена претседател на Унгарија: Каталин Новак

За претседател со мандат од 5 години е избрана Каталин Новак, која на гласањето што се одржа во унгарското Народно собрание доби 137 гласа.

Во 199-члениот унгарски парламент, во кој учествуваа 195 пратеници и беа дадени 188 валидни гласови, кандидатот на Fidesz-KDNP во владата, поранешниот министер за семејство Каталин Новак, беше избран за претседател со 137 гласа.

Петер Рона, заедничкиот кандидат на опозициските партии, доби 51 глас.

Новак, првата жена претседател избрана во земјата, ќе ја преземе фотелјата на 10 мај од Јанош Адер, кој беше претседател во два мандата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни