Балкан

Харадинај: Ако само еден српски војник стапне на Косово, ќе биде бомбардиран Белград (ВИДЕО)

Харадинај: Ако само еден српски војник стапне на Косово, ќе биде бомбардиран Белград (ВИДЕО)

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово, синоќа за РТВ Дукаѓини изјави дека Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе во Косово.

„Знам дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово.

Знам дека Белград ќе биде бомбардиран ако се случи вакво нешто, како во 1999 година. Српското раководство добро го знае тоа. Доколку српски војник помине на територијата на Косово, Белград ќе биде бомбардиран, а не која било друга територија“, рече Харадинај, пренесува „Новости“.

На изјавите на Харадинај денеска одговори Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, кој изјави дека „Белград ќе го зачува мирот“.

„Во време кога целиот свет се соочува со криза без преседан, албанските политичари продолжуваат да упатуваат закани. Додека Харадинај, Курти и другите во Приштина ќе бидат бомбардирани, Белград ќе ги зачува мирот и стабилноста“, напиша Петковиќ на Твитер. Според Блиц, тој побарал од албанските политичари да не се закануваат со конфликти, туку да видат како ќе го решат недостигот на нафта, брашно и основни прехранбени производи во албанските заедници.

Александар Вучиќ се осврна и на изјавата на Рамуш Харадинај: “Немам коментар за глупости. Гледате што сакаат. Србија ќе го задржи мирот и стабилноста, тоа е најважно за нас. Нашата сила е нашата армија, а таа ќе биде сè посилна“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни