Македонија

Пендаровски на полноќ ќе ги потпише антикризните мерки – од понеделник стапуваат на сила

Собранието ќе ги донесе, а претседателот на државата ќе ги чека веднаш да пристигнат кај него и да ги потпише, за да може веднаш да се објават во службен весник и антикризните мерки од понеделник да стапат на сила.

Ова стана јавно по вечерашното интервју на претседателот на државата Стево Пендаровски за Телма телевизија.

Пендаровски рече дека бил информиран дека вечерва Собранието ќе ги донесе антикризните мерки, а потоа веднаш ќе ги испратат до него за да ги потпише.

По потпишувањето од страна на претседателот на државата, тие се објавуваат во Службен весник. Со оглед на тоа што денеска е петок, а пред нас е викенд, новите мерки што значат намалување на ДДВ-то за горивата и за основните прехранбени продукти, како и условено намалување на акцизите ќе стапат на сила од понеделник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни