Свет

Украина: 2.500 цивили убиени во Мариупол

Украина: 2.500 цивили убиени во Мариупол

Соопштено е дека во нападите на руската армија врз градот Мариупол животот го загубиле повеќе од 2.500 цивили.

Олексиј Аререштовиќ, виш советник на Кабинетот на претседателот на Украина, за телевизиски канал изјави дека тензиите продолжуваат во Мариупол и дека украинската армија ги спречила нападите на Русите.

Нагласувајќи дека руските сили, кои не можеле да го освојат градот, целеле цивилни структури, Арестовиќ рече: „Русите сакаат да го избришат градот од лицето на земјата. Според официјалните податоци на локалните администратори, повеќе од 2.500 цивили загубиле нивните животи.”

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни