Свет

Околу 160 приватни автомобили го напуштија опколениот Мариупол

Околу 160 приватни автомобили го напуштија опколениот Мариупол
Приватните автомобили можеа да го напуштат опколениот украински југоисточен град Мариупол, соопшти градскиoт совет, пренесува Би-Би-Си. До 13:00 часот по локално време, 160 автомобили го напуштиле градот по хуманитарниот коридор што се упатува кон градот Бердјанск, окупиран од Русија, соопшти градскиот совет во објава на Телеграм. Неколку обиди за евакуација на цивилите заглавени во Мариупол – кој има 400.000 жители во мирно време – пропаднаа во изминатата недела, бидејќи плановите да се пуштат да патуваат низ хуманитарниот коридор мораа да бидат напуштени поради континуираното руско гранатирање. Координаторот за итни случаи за Лекари без граници во Украина, Алекс Вејд, ги опиша условите во Мариупол за време на викендот како „ужасни“, со мал пристап до храна или проточна вода.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни