Свет

Трамп најавува руски дизел за американскиот и глобалниот пазар: Цените ќе паднат!

Трамп најавува руски дизел за американскиот и глобалниот пазар: Цените ќе паднат!

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека постигнал договор со рускиот претседател Владимир Путин за испорака на големи количества дизел-гориво на американскиот и на светскиот пазар, тврдејќи дека тоа би можело да доведе до брз пад на цените.

Трамп ја сподели оваа вест вечерва на својата платформа за социјални медиуми, „Truth Social“, наведувајќи дека Русија веднаш ќе испорача над 300.000 тони дизел, а за ноември е планирана испорака на дополнителни 500.000 тони. Потоа, според него, би следеле уште еден милион тони, како и дополнителни три милиони тони на краток рок, во зависност од состојбата на руските рафинерии.

„Цените на дизелот за Американците – а всушност и за целиот свет – паѓаат со рекордно темпо и брзо“, изјави Трамп, нагласувајќи дека пониските цени се особено важни за американските земјоделци, сточари и возачи на камиони.

Во објавата, Трамп исто така наведе дека САД имаат „целосна контрола“ врз Ормускиот Теснец и повтори дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни