Станува збор за повеќенаменски авион за надзор и собирање разузнавачки информации, развиен од руската компанија Специјален технолошки центар, а се користи во различни мисии.
Само пет дена откако се урна дрон во Хрватска, истиот инцидент денеска се случи и во Романија.
Дронот од руско производство се урна во Романија, а според првите информации се работи за дрон Орлан-10.
Маж од општина Думитра го пронашол леталото во близина на неговата куќа, по што е отворена официјална истрага.
https://twitter.com/200_zoka/status/1503329281170153477?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1503329281170153477%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.24sata.hr%2Fnews%2Fdron-se-srusio-i-u-rumunjskoj-navodno-se-radi-o-bespilotnoj-letjelici-proizvedenoj-u-rusiji-822216
Орлан-10 е беспилотно летало за надзор и собирање разузнавачки информации, пренесува Defenceromania.ro.
Станува збор за повеќенаменски авион развиен од Специјалниот технолошки центар, а наменет е за различни мисии како што се воздушно извидување, набљудување, следење, пребарување и спасување, борбена обука, пречки, откривање радио сигнал и следење цели на тешко достапни области.
Има распон на крилата од 3,1 метри и може да тежи од 12,5 до 16,5 килограми. Лансирањето е направено со помош на склоплив катапулт, а слетува со помош на систем за падобран.