Од вечерва до четврток наутро во Киев, главниот град на Украина, ќе биде воведен 35-часовен полициски час.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека полицискиот час, кој ќе започне денеска во 20 часот по локално време, ќе продолжи до 7 часот во четврток.
Кличко во својата изјава нагласи дека ќе биде забрането да се шета низ градот без посебна дозвола, освен да се оди во засолништата.
„Главниот град е срцето на Украина и ќе се брани“, додаде градоначалникот на Киев.
На 20-тиот ден од руските напади, артилериски гранати рано денеска погодија станови во главниот град Киев.