На летот Белград-Москва повторно била пријавена бомба во авионот, дознава РТС.
Полициски екипи се на терен поради дојавата за бомба во авионот на „Ер Србија“ на летот Белград-Москва, потврдија за РТС во МВР.
Ова е трет пат во последните неколку дена да се пријавува бомба на линијата кон главниот град на Русија.
Претходните два пати се покажа дека е лажна пријава.