Свет

Се зголемуваат жртвите по земјотресот во Јапонија

Се зголемуваат жртвите по земјотресот во Јапонија

Се зголемуваат жртвите по земјотресот во Јапонија. Четири лица веќе се убиени, а повеќе од 100 се повредени.

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала кај брегот на Фукушима излета воз од шините и предизвика проблеми со патната инфраструктура.

Предупредувањето за цунами за бранови до еден метар во делови од североисточна Јапонија беше укинато во раните утрински часови денеска, откако властите регистрираа нивоа на водата и до 30 сантиметри повисоко од вообичаеното во некои области.

По земјотресот, околу 2 милиони домаќинства останаа без струја, но напојувањето постепено беше обновено во текот на ноќта. Утрото околу 30.000 домови се уште се без струја, а уште 4.300 без вода.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни